Градоначалникот на Севница, Среќо Оцвирк не ја исклучува можноста да биде именувана улица по Меланија Трамп, во знак на благодарност поради промоцијата на нејзиниот роден град.

profimedia-0212225854_400x0

– За тоа се уште размислуваме, но во иднина би можело да се случи. Севница има уште многу заслужни граѓани кои немаат своја улица, но Меланија за промоција на Севница и на Словенија направи многу, посочи Оцвирк.

Тој додаде дека во градот доаѓаат странски телевизиски екипи и снимаат репортажи за некогашната манакенка која се омажи за Доналд Трамп. /МИА

Слични содржини