Мелбурн е најдобар град за живеење

од desk2

Мелбурн седма година по ред е прогласен за најдобар град за живот на светот, додека Сиднеј не влезе во првите десет поради страв од тероризам, се наведува во извештајот на Economist Intelligence Group.


Извештајот рангираше 140 градови во светот по стабилноста, здравствената заштита, културните содржини и заштита на околината, образованието и инфраструктурата.

Меѓу првите десет се Виена во Австрија, Ванкувер и Калгари во Канада, Аделаида и перт во Австралија, Окленд во Нов Зеланд, Хелсинки во Финска и Хамбург во Германија.

Мелбурн, вториот најголем австралиски град и главен град на државата Викторија, доби највисоки оцени за здравствена заштита, образование и инфраструктура.

Градоначалникот Роберт Дојл рече дека тоа е големо достигнување со кое сите граѓани треба да се гордеат, но спомна дека тоа не значи дека градот е совршен.

„Ќе продолжиме многу да работиме секој ден за Мелбурн да биде што подобар и да може да створиме поправедна, посигурна и посилна држава за сите нејзини граѓани“, рече премиерот Даниел Ендрус.

Слични содржини