Мелничарите апелираат итно да се изнајде решение за нивниот проблем со увозното евтино брашно поради кое, како што велат, се неконкуретни на пазарот, а мелничко-пекарската индустрија е пред колапс.

brasno-mlin-copy

Тие бараат да се субвенционира мелничката индустрија со 2,5 денари за килограм откупена пченица од минатата реколта, а пред следната жетва да се најде трајно решение.

Претседателот на Групацијата на мелничко-пекарската индустрија Горан Малишиќ денеска изјави дека мелничката индустрија се соочува со неконкурентна цена од увозно брашно која тие како мелничари не можат да ја постигнат поради високата откупна цена на пченицата.

Од друга страна земјоделците кои произведуваат пченица ги поддржуваат барањата на мелничката индустрија, но тие пак бараат од Министерството за земјоделство да им се надомести разликата меѓу продажната и производната цена на пченицата.

Исплатени социјалната парична помош и паричниот надоместок за помош и нега од друго лице

– Како производители на пченица бараме од Министерството за земјоделство да ни се надомести разликата меѓу продажната и производната цена која се движи околу 2 денари, рече Ефтим Шаклев од Асоцијацијата на земјоделци.

За решавање на овој проблем во Стопанската комора на Македонија се одржува состанок на кој присуствуваат претставници на мелничко-пекарската индустрија, производителите на пченица и од надлежните институции./МИА

Слични содржини