Мерењето на загаденоста на воздухот во Струмица се врши со станица на пробна работа

од desk4

Во врска со информациите за енормното загадување на Струмица со ПМ 10 честички, денеска реагираа од општината.

Во реакцијата стои дека мерната станица за загадување на воздухот во моментот е во пробна работа и затоа параметрите добиени во овој период да не се земаат предвид.

– По завршувањето на сите активности, како што се баждарење и калибрирање на инструментите во самата мерна станица, ќе можеме со сигурност да ги следиме отчитувањата, како и да сме сигурни дека загадувањето на воздухот на територија на општина Струмица е на повисоко ниво од дозволеното, стои во официјалната реакција.

Слични содржини