Мерил Стрип го нападна Вајнштајн дека го користи нејзиното име за да ги оправда своите злодела

од Vladimir Zorba

Добитничката на рекорден број награди „Оскар“, Мерил Стрип е бесна на продуцентот Харви Вајнштајн кој го користел нејзиното име, во обид да се одбрани од обвиненијата за сексуални злосторства.
Актерката не сака да дозволи, дека може да помогне во оправдувањето на човекот, кој нападнал десетици жени, објави tmz.com.

Стрип изјави дека само затоа што Вајнштајн не посегнал по неа, додека двајцата имале деловни односи, тоа не е доказ дека тој не злоупотребувал многу други жени кои веќе поднесоа тужба против продуцентот. Таа го нарече потегот на Вајнштајн да го користи нејзиното име, заедно со она на Гвинет Палтроу и Џенифер Анистон, за да се заштити од делата, како „беден“.

Мерил додава: „Кривичното дело за кој е обвинет дека ги направилврз овие жени е негова одговорност, и ако има некој правда во системот, тој ќе плати за нив“.

Слични содржини