Мерил Стрип и Лагерфелд во жесток спор за фустан за „Оскарите“

од Vladimir Zorba

Во последните денови се разигрува луд скандал меѓу американската актерка Мерил Стрип и креативниот директор на “Шанел” Карл Лагерфелд. Според неговите тврдења Стрип одбила да се појави на церемонијата на доделувањето на “Оскар” со негов фустан …. бидејќи тој не ѝ платил да ја облече. Актерката сепак негира такво нешто. Целиот спор доби публицитет, откако во четвртокот 83-годишниот дизајнер изјави во интервју за “Вименс Вер Дејли”, дека од тимот на ѕвездата му се јавиле да му кажат дека Мерил Стрип нема да го носи неговиот фустан на престижната церемонија. Причината била дека тој не ѝ платил да ја облече и затоа таа нема и да го стори тоа.

Пред изданието Лагерфелд истакна дека таквото барање не е во согласност со цврстото правило на модната куќа да не плаќа на познати личности да ја носат нивната облека на црвениот тепих.

“Откако ѝ подаривме фустан со вредност од 105 000 долари, дознаваме дека треба и да платиме за да го носи. Ние даваме фустани, правиме фустани, но не плаќаме”, вели тој додавајќи дека за него таа е веќе ” брилијантна актерка, но и евтина “.

Ако се верува на гласините, Стрип отфрлила везен свилен фустан во сива од последната колекција на “Шанел”. Пред “Холивуд Репортер” сепак, претставници на Мерил Стрип ги негираа во петокот тврдењата на Лагерфелд и ги оценија како “лажни”. Според нив е исклучено слична порака да доаѓа од актерката, под услов таа секогаш се спротивставувала на дизајнерите кои им плаќаат на познати личности да ја носат нивната облека. За неа тоа било во спротивност со “личната нејзина етика”.

Слични содржини