Мерил Стрип за легендарната ТВ водителка: Опра Винфри е родена да биде лидер

од desk2

По шпекулациите дека легендарната ТВ водителка Опра Винфри најави кандидатура за претседател на САД 2020 година, актерката Мерил Стрип изјави дека Опра е „роден лидер“.

„Тоа е начин да ги развеселите луѓето. Тоа е начин на кој водите“, вели Стрип за BBC коментирајќи го говорот на Винфри на доделувањето на наградите Златен глобус.

Додаде дека слушната дека Опра навистина размислува за кандидатура за претседателските избори во САД.

„Сигурно постави високи стандарди за сите кои ќе се одлучат за кандидатура“, вели Стрип.

Слични содржини