Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека го сфаќа исклучително сериозно обвинувањето на Лондон против Москва во врска со труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал.

Канцеларката решително го осудува овој напад и го прифаќа крајно сериозно мислењето на британската влада по прашањето за одговорноста на Русија, се вели во соопштението од нејзината канцеларија.

– Русија мора брзо да одговори на легитимните прашања што ги покрена британската влада, потенцира Меркел.

Кабинетот на канцеларката соопшти дека таа денеска разговарала  по телефон со британската премиерка Тереза ​​Меј и го осудила нападот со нервен гас

Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, го осуди нападот и потсети на посветеноста на неговата земја да се бори против неказнивоста за користењето на хемиско оружје. Францускиот претседател денеска разговарал со Тереза ​​Меј и ја изрази својата солидарност.

Слични содржини