Меркел и Шулц начелно се договорија за нова влада

од desk2

Конзервативците на германската канцеларка Ангела Меркел и социјалдемократите на Мартин Шулц утрово постигнале начелен договор за формирање на новата влада на Германија, јавуваат светските агенции, повикувајќи се на свои извори.

Компромисот бил постигнат по преговорите кои траеле повеќе од 24 часа.

Начелниот договор, според агенциите, во текот на денот треба да го потврдат управните одбори на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) на Ангела Меркел и на Социјалдемократската партија (СПД).

Вчера беше последниот ден од преговорите зад затворени врати, на кои на маса требаше да бидат ставени чувствителните прашања, како мигрантската политика, здравството и финансиите.

Конзервативците и СПД заедно ја водеа Германија во два мандати во последните 12 години./Мета

Слични содржини