Меркел ја осуди уредбата на Трамп со која се забранува влез во САД на лица од седум земји

од desk2

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја осуди уредбата на американскиот претседател Доналд Трамп за забрана на влез во САД на лицата од седум муслимански земји, наведувајќи дека таа е неоправдана.

Иако лидерите на Германија и САД претходно во телефонски разговор се согласиле да ја интензивираат соработката во борбата против тероризмот, Меркел смета дека не е оправдано луѓето од одредена религија или потекло да се ставаат под сомнение за тероризам.

Американскиот претседател Доналд Трамп го прифати повикот на Меркел за присуство на самитот Г-20 во Хамбург во јули оваа година./Meта

Слични содржини