Меркел: Политичката стабилност на Балканот значи и наша стабилност

од Vladimir Zorba

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска на Самитот за Западен Балкан во Трст изјави дека должност на Европска Унија е да го приближи регионот „бавно, но сигурно“ во правец на членство на ЕУ.

– Политичката стабилност во регионот значи политичка стабилност и за нас. Ние тоа го знаеме од искуство – рече Меркел.

Претходно, австрискиот канцелар Кристијан Керн изјави дека на регионот мора да му се врати јасната европска перспектива.

– Западниот Балкан не е заден двор на Европа, туку наша дневна соба. Европската Унија на терен го изгуби влијанието, а во исто време се зголеми руското, кинеското, вахабиското, но и турското влијание – смета Керн.

Тој посочи и дека новиот американски претседател Доналд Трамп покренал нова динамика за Западен Балкан и нагласи дека „не смее да се дозволи формирање на воневропски сили“.

Слични содржини