Меркел предлага Макрон да го прифати германскиот економски модел

од Vladimir Zorba

 

Германската канцеларка Ангела Меркел на официјален Париз му предлага да го прифати германскиот рецепт за економска обнова, воведен пред една деценија.

Пораката од Германија доаѓа на три дена пред средба на Меркел со новиот француски претседател Емануел Макрон закажана за понедлиник, на која ќе се разговара за билатералните односи и за иднината на ЕУ.

Според Меркел, Франција по изборот на Макрон треба да го искористи рецептот со кој Владата на поранешниот германски канцелар Герхард Шредер во 2003 година спроведе низа реформи меѓу кои најважни беа преземени во сферата на пазарот на трудот и со тоа создаде предност пред останатите европски економии.

– Се дотогаш Германија и Франција беа на исто ниво на економски перформанси. Во овој случај не се работи дека Германците се подобри, туку дека и Франција може да го стори истото, изјави Меркел на дебата со претставници на бизнис заедницата во Дизелдорф.

Меркел во Дизелдорф најави дека со Макрон в понеделник ќе разговара за засилување на механизмите на Еврозоната и за спроведување реформи што ќе дадат брз резултат на пазарот на трудот.

Слични содржини