Откако во вечерните часови, разговорите за коалиција не успеаја, а  слободните демократи ги напуштија разговорите, канцеларот, рече дека нејзината цел е да формира стабилна влада, додавајќи дека е отворена за обновување на “голема коалиција” со социјалдемократите.

  Мојата  поента е дека подобар начин е да се одржат нови избори, изјави таа за АРД. Таа објасни дека нејзините планови не вклучуваат канцелар на малцинска влада.

Ангела Меркел изјави дека повторно ќе учествува како кандидат во случај на избори и дека нејзиниот конзервативен блок е обединет повеќе од било кога.

Меркел истакна дека не гледа причина да поднесе оставка., иако од “Алтернатива на Германија” ја повикуваа да  си поднесе оставка а

Постојат две опции: Меркел  да формира малцинска влада или претседателот повикува на нови избори

Германскиот претседател Франк-Волтер Штајнмаер, по неуспехот за формирање влада  повика на консултации помеѓу партиите.