Мерна станица за квалитет на воздух во општина Бутел

од desk2

Нова мобилна мерна станица за квалитет на воздухот на територијата на општина Бутел ќе биде пуштена во употреба денеска во рамки на проектот „ЕУ за ТЕБЕ!”.


Мерната станица е дел од националната мрежа за автоматски мониторинг на квалитетот на воздухот.

На промоцијата, како што е најавено, ќе присуствуваат министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки, евроамбасадорот Самуел Жбогар, градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов и градоначалникот на оптшина Бутел Велимир Смилевски.

Слични содржини