Меси добивал 200 илјади долари за настап на пријателски натпревари

од Vladimir Zorba

  Аргентинскиот бизнисмен и поренешен директор на организацијата која договора пријателски фудбалски натпревари Алехандро Бурзако за кого Интерпол издаде налог за апсење во мај 2015 година на обвиненија за мито, го обвини Лионел Меси дека зема пари за играње пријателски натпревари.

Тој тврди дека ѕвездата на Барселона заработува околу 200 илјади евра од еден одигран пријателски дуел.

– Да, ние му плаќавме на Меси 200 илјади долари за секој пријателски натпревар во кој играше, изјави Бурзако за Газета дело Спорт.

Пријателските натпревари генерално се договараат во САД и се вистински кошмар за фудбалерите кои веќе имаат многу обврски кон клубовите, но за одредена сума пари се подготвени на се, додаде Бурзако.

Слични содржини