Меси донесе победа за Барселона на „Ел Класико“ во Мадрид

од Vladimir Zorba

 

Со голот на Лионел Меси во судиското надополнување на вториот дел Барселона го победи Реал Мадрид на негов терен со 3:2 и изби на првото место на табелата со ист број бодови, но Реал има и натпревар помалку.

Дербито на 33.коло со гол го „отвори“ Каземиро во 28.минута, а пет минути подоцна Меси изедначи на 1:1. Водство за Барселона од 2:1 донесе Иван Ракитиќ во 73.минута. Четири минути подоцна Серхио Рамос поради старт над Меси доби црвен картон, а Реал изедначи со голот на резервистот Хамес Родригез во 85.минута. Меси својот втор гол го постигна во 90+2.минута.

Резултати на другите дуели од 33.коло:

Реал Сосиедад – Депортиво 1:0,
Селта – Бетис 0:1,
Лас Палмас – Алавес 1:1,
Еспањол – Атлетико Мадрид 0:1,
Осасуна – Хихон 2:2,
Виљареал – Леганес 2:1,
Малага – Валенсија 2:0 и
Севиља – Гранада 2:0.

Вечерва играат Еибар – Атлетик Билбао.

Табела: Барселона 75 бодови, Реал Мадрид 75, Атлетико Мадрид 68, Севиља 65, Виљареал 57, Реал Сосиедад 55, Атлетик Билбао 53, Еибар 50/МИА

Слични содржини