Меси нареди трансфер во Барса – Лео го сака Саул од Атлетико

од Vladimir Zorba

Лидерот на Барселона, Лионел Меси изјавил пред тренерот Ернесто Валверде дека клубот треба да стори сé за да го привлече халфот на Атлетико Мадрид, Саул Нигес, соопштува „АС“.

Според изданието, Меси останал крајно разочаран од елиминацијата од Рома во Лигата на Шампионите и смета дека тимот има потреба од засилување, за да се бори за најпрестижниот трофеј во клупскиот фудбал.

„АС“ пишува уште дека другиот тим кој има најсериозен интерес за 23-годишниот Саул, е англиски Арсенал.

Слични содржини