Посетата на Лионел Меси во Габон предизвика и негативни реакции, по првичните позитивни.

460x283

Лично претседателот на независната Фондација за заштита на човековите права Тор Халворсен Мендоза се разочарал од Лео.

Меси го посети Габон, за да учествува во симболичното поставување на темелите на нов национален стадион, кој треба да биде домаќин на турнирот за Купот на Африка во 2017-та година. Халворсен смета дека овој негов чекор е симболична поддршка за претседателот на африканската земја Али бин Бонго Ондимбе, кој е прогласен за диктатор.

“Меси сериозно го повреди угледот на својата добротворна фондација, откако се покажа во интеракција со жестоката и корумпирана диктатура во Габон.

Лионел, кој ги штити правата на децата и дури е амбасадор на УНЕСКО, не смее да врши таква режимска поддршка, која е под истрага за ужасни злосторства “, вели уште норвешкиот политичар од венецуелско потекло, кој шокираше со изјавата дека диктаторот на Габон давал согласност за ритуални жртви на деца “.

“Овој човек ќе гради огромен стадион во главниот град на Габон, а 20 проценти од населението живее со околу 2 долари на ден, тоа е срамота”, завршува Халворсен Мендоза.

Слични содржини