Меси веќе го нема зборот во Ел Класико

од desk3

Големата ѕвезда на Барселона Лионел Меси може и да е апсолутниот голгетер во историјата на Ел Класико со своите 21 погодоци, но вчерашното 1: 1 дома против Реал Мадрид навести дека неговото влијание врз борбата слабее.

638-397-lionel-mesi-barselona

Откако Аргентинецот го надмина легендарниот Алфредо ди Стефано со хет-трикот во сезоната 2013/2014, тој не постигнал гол за “белите”. Во сезоната 2014/2015 Меси не игра во двата шампионатни средби (на “Бернабеу” Нејмар се запиша, додека на “Камп Ноу” головите ги постигнаа Луис Суарез и Џереми Матео). Меси играше во финалето на Купот на Кралот во истата кампања, но не постигна гол. Минатата кампања тој беше резерва при успехот со 4: 0, а при поразот со 1: 2 дома тотално се изгуби на теренот.

Слични содржини