Место Пуџдемон, за малку полицијата ќе уапсела комичар

од desk2

Шпанската полиција којашто е во потрага по Карлес Пуџдемон, за малку ќе уапсеше негов двојник – комичар кој се облекол како поранешниот каталонски лидер.

Комичарот Хоакин Рејес за локалните медиуми изјави дека шестмина полицајци му пришле дoдeкa, облечен како Пуџдемон, снимал скеч за ТВ комедијата „Интермедио“.

Тие и му кажале дека до нив стигнала дојава дека, токму во тоа предградие на Мадрид, се наоѓа бегалецот-одметник, кој инаку моментно се наоѓа во егзил во Брисел.

Секако, шегите на сметка на полицијата потоа, се неизбежни, истакнува комичарот.

Слични содржини