Ракометарите на Металург со минимален пораз од Скјерн го завршија настапот на свој терен во Лигата на шампионите. Гостите од Данска освоија значајни бодови по победата од 25:24.

lino-ccervar-e1359119367296

„Металурзите“ не го реализираа последниот напад и остнаа без ниту еден бод, слично како и на првиот меѓусебен дуел кога Скјерн победи со гол во последната секунда.
Последниот натпревар Металург во групата Д ќе го игра на гости кај Елверум другата недела каде ќе се обиде со победа да го избегне последното место.
Скјерн со денешниот триумф обезбеди бараж за следната фаза.
Табела по 9. коло:

1.Мотор 14 бодови,

2.Скјерн 13,

3.Кадетен 9,

4.Баиа Маре 9,

5.Елверум 5,

6.Металург 4

/ МИА

Слични содржини