Металург се засили со неколку нови ракометари

од desk2

Неколку ракометари на Металург ги продолжија своите договори, клубот доби нови засилувања, но некои и го напуштија ракометниот клуб.


Нов двогодишен договор потпиша репрезентативниот пикер Жарко Пешевски, кој целата своја досегашна кариера ја мина во нашиот клуб. Нови едногодишни договори потпишаа голманот Дарко Арсиќ, десното крило Александар Гуглета и левото крило Вања Илиќ.

Повратник во Металург е Дарко Димитриевски, кој игра на позиција среден и лев бек и кој во Металург се врати од екипата на Борец. Димитриевски потпиша едногодишен договор со нашиот клуб. Во Металург се врати и голманот Никола Даниловски, кој беше позајмен во Пелистер и кој има активен договор со Металург.

Нов ракометар на Металург е и Јануш Лапајне, кој игра на позиција лев бек, но кој може да настапи и на централната бековска позиција. Лапајне (22 г., 193 см, 93 кг), кој претходно настапувал за екипите на Ајдовчина и на Урбанскапе од Шкофја Лока, во Металург доаѓа од редовите на европскиот вицешампион Пари Сен Жермен, а со нашиот клуб потпиша двегодишен договор.

Во наредниот период договори со Металург ќе потпишат уште најмалку тројца нови ракометари, за што од клубот најавија дополнителни информација.

Во изминатиот период неколку ракометари го напуштија Металург, па така соработката е прекината со Мартин Марчец, Немања Младеновиќ, Горан Печенковски и со Предраг Вејин.

Слични содржини