Метју Нимиц ќе се приклучи на разговорите на Димитров-Козијас во Виена

од Vladimir Zorba

Специјалниот претставник на ОН за решавање на спорот за името меѓу Грција и Македонија, Метју Нимиц, ќе се приклучи на 13 февруари во преговорите на министрите за надворешни работи во Виена, соопшти прес-службата на светската организација.

Нимиц ќе оствари заедничка средба со министрите за надворешни работи на Грција и Република Македонија – Никос Кодиасис и Никола Димитров на 13-ти февруари во канцеларијата на ОН во Виена. Средбата ќе се одржи во рамките на напорите на ОН за изнаоѓање взаемно прифатливо решение за прашањето за името. Во главниот град на Австријаод синоќа  двајцата министри за надворешни работи преговараат за последните понудени решенија. Атина и Скопје имаат намера да го решат спорот за името во текот на следните неколку месеци.

Горна Македонија, во словенска варијанта e фаворит за Грците

Преговорите сега се подигнати на ниво на министрите за надворешни работи кои се одговорни за разговорите без посредници и специјани преговарачи.

Слични содржини