Метју Нимиц: Македонија е доведена во вискок ризик и опасност, треба да најдете заедничко решение

од Vladimir Zorba

 

„Загрижен сум за ситуацијата во Македонија. Тоа што можам да го истакнам во овој момент е дека ссостојбата во државата е доведена во висок ризик и опасност со што ќе влијае врз безбедноста и стабилноста на Македонија“. Ова го изјави медијаторот во грчко-македонскиот спор за името Метју Нимиц за Програмата Гласот на народот на Радио Слободна Македонија.

Нимиц се надева дека ваквата состојба ќе биде решена и надмината по мирен и демократски пат во рамките на Уставот на Република Македонија.

– „Не би можел да дадам други оценки, бидејќи сум фокусиран исклучиво за прашањето околу името, но уште еднаш ќе ја изразам мојата голема загриженост за мирот и стабилноста во Македонија. Се надевам дека политичарите и народот ќе се справат со сите проблеми кои се појавија во државата“, истакнува Метју Нимиц.

Слични содржини