Метју однесе 842 жртви и остави над 1 милион луѓе без струја во САД (ВИДЕО)

од Vladimir Zorba

Жртвите во Хаити изброени  на 842 лица, уривањето на Метју не запира.

1475874010-85af7ec963f9b1e7625a5137c0dead141da610ad
Повеќе од 1 милион жители на американската сојузна држава Флорида останаа без електрична енергија поради ураганот Метју, пишува РИА Новости.
uragan-jpg1_-640x427Без струја останаа жителите на источното крајбрежје на државата,  окрузите Фреглер и Волуси. Стихијата  го засегна и округот Бревард и Индијан Ривер. Во централниот дел на државата без електрична енергија се над 100 000 луѓе.
uragan-metju-haiti-3

Метју е најмоќниот ураган,кој се  појавува над Атлантикот од 2007 година. Во моментов бурата дивее во југоисточното крајбрежје на САД. Во државите Флорида, Џорџија, Северна и Јужна Каролина е прогласена  вонредна состојба. А во Хаити жртвите веќе стигнаа  на 842 лица.

1475839213-mattt

Ураганот Метју синоќа го зафати брегот на Флорида, каде остави повеќе од милион луѓе без струја. Системот, кој се уште не го зафатил копнениот дел од САД, беше намален на категорија 3 на скала од 1-5, со ветрови од над 195 км/ч.

Претходно во Хаити, Метју однесе над 840 животи. Обединетите нации предупредија дека ќе бидат потребни неколку дена за да се утврди целoто влијание на Метју во Хаити. Бројот на жртви може да порасне, како што спасувачките екипи ќе пристигнуваат во јужните области кои беа отсечени. Најтешко погодените градови засега можат да бидат пристапени само преку море и воздух.

Локалните власти и ОН проценуваат дека им е потребна помош на околу 350.000 луѓе, а оштетени се над 20.000 домови.

„Ситуацијата се менува постојано. Мислам дека во наредните четири или пет дена, ќе имаме појасна слика за штетата и бројот на жртвите“, вели Карлос Велосо од Светската програма за храна.

ПАНИКА И МИСТЕРИЈА СО УРАГАНОТ “МЕТЈУ”- 500 ЖРТВИ!

Невладините организации велат дека комумикацијата со најтешко погодените области е отежната поради слабата покриеност со сигнал за мобилни телефони и срушени телефонски линии.САД испрати морнаричкиот брод Меса за да помогне во напорите за спасување и ангажираше девет воени хеликоптери да доставуаат храна и вода во погодените области.

Слични содржини