Метју Пери: Имам кошмари поради идејата за нови епизоди на „Пријатели“

од Vladimir Zorba

Актерот Метју Пери, кој неодамна ја режираше својата прва театарска претстава, изјави дека не е воодушевен од идејата да се снимаат нови продолженија на серијата „Пријатели“, кој му донесе светска слава. Пери вели дека има напади на мачнини и „ноќни кошмари“ поради шпекулациите дека серијата повторно ќе се снима. Тој не е воодушевен од помислата на повторно собирање на актерите од култната серија „Пријатели“.

– Сите го посакуваат тоа, но не и јас, затоа што знам дека таа идеја не е добра. Јас не се шегувам. Сонувам дека сме се вратиле, сме снимиле нови епизоди и дека никому не му било грижа за тоа. Завршивме на врвот со добра гледаност и не можеме тоа да го надминеме. Затоа нема да учествувам во снимањето на продолженијата, изјави 47-годшниот Пери, кој во „Пријатели“ го толкуваше ликот на Чендлер Бинг.

Слични содржини