Мигранти и Марсовци

од Vladimir Zorba

Одлуката на Инспекторатот за локална самоуправа да не се дозволи одржувањето на референдуми во 12 општини, за забрана на доселувањето мигранти во нив, со образложение дека тие општини во општинските буџети и немаат пари за такво нешто,ќе дојде на голема радост и на градоначалниците на тие општини. Но, има и многу други причини за една таква одлука.

Таа ксенофобична активност на партијата која беше поттикната кобајаги од некоја невладина организација под име “Будење на стравот во Македонија од мигранти и марсовци” покрај тоа што беше бесмислена, бидејќи во Македонија има опасност од населување на мигранти исто толку колку од населување на марсовци, таа е и незаконска од најмалку три причини:

Прво. Со Изборниот законик, дури општинските буџети и да имаат пари, тие не смеат да трошат пари за такви цели од денот кога се распишани изборите.

 Второ.Со локални референдуми не можете да забраните активности на централната власт на територијата на вашата општина. Тие може да бидат само некој модел за изразување протест и ништо повеќе. Другото е лага.

И трето. Во брзањето да го мобилизираат стравот од населувањето на некакви мигранти во своите општини, општинските совети при формулирањето на референдумското прашање заборавиле дека постојат внатрешни и надворешни миграции. Во случај на одлука за забрана на населување мигранти во нивната општина тоа може да значи и дека никој од другите општини во Македонија не смее да се досели во нивната општина ниту по основа на вработување, брак, студирање или слично.

Во оваа смисла, сите заговарачи на оваа бесмислена и ксенфобична активност, кои не прават разлика меѓу бегалци од воените жаришта кои заслужуваат хуманост а од кои тие се плашат , и економски мигранти кои ги изградија САД И Европа, треба да бидат среќни што оваа нивна активност за пребројување на ксенофобичното гласачко тело вака заврши.

Ѓорѓи Спасов – Фејсбук статус

Слични содржини