Полицијата во Финска ги крие информациите од медиумите и јавноста20151203.oidqseyptn

Близу до финскиот центар за прием на бегалци во градот Хејнола двајца пијани мажи нападнале малолетна ученичка. Се утврдило дека тие се мигранти , но се кријат од полицијата, за да се избегне појавата на протести од локалните жители. Други пак  удриле девојка, а потоа се обиделе да ја силуваат.Локалната Сојузна новинска агенција објави дека по инцидентот оштетената била веднаш хоспитализирана во болница.
Весникот забележува дека на територијата на кампот живеат бегалци од Авганистан, Пакистан, Сирија, Либија. Освен тоа меѓу нив има многу млади мажи кои постојано изјавуваат дека им е досадно, независно од бесплатната исхрана по три пати на ден, а исто така им се  дава и џепарлак. “Работа нема, нас не хранат, но тука нема што да се прави, многу е досадно “, раскажува еден од жителите на центарот, ирачанинот Абдала Сахут.” Јас мислам дека локалните жени многу фантазираат во сексуален аспект. На крајот јужните мажи ги привлекуваат со своето здравје, локалните мажи ништо не можат и се плашат од сето тоа. Тие дури не се борат, ако ги нападнеш. Лесно можеш да ги згазнеш на улицата, иако може да одат по неколкумина , а ти да си сам “, појасни тој.

Друг маж, претставувајќи се како Абрахман, исто така доаѓа од Ирак. Тој раскажува дека дошол во Финска со целото семејство од две жени и три деца. Според него многу од дојдените бегалци “не се однесуваат достоинствено”.Зборовите му се потврдуваат со фактот дека во Хејноле е регистриран уште еден напад на мигранти против локална ученичка. Тие ја натерале насила да пие алкохол и исто така се обиделе да ја силуваат. Началникот на канцеларијата на финската полиција Пјави Нергал изјави дека тоа ни од далеку не се единечни случаи.”Моментално случаите на сексуално насилство на бегалци врз локалното население  не се еден, два или три “, призна таа, истакнувајќи дека полицијата ги  крие овие злосторства од новинарите” за да не го шокира локалното население “и да не иницира протести. Сексуалните злосторства на мигрантите веќе предизвикаа скандал и провокации во друг фински град – Кемпеле. Бегалците беа гаѓани со камења и молотови коктели откако група адолесценти – мигранти од Авганистан сурово силувале  12-годишно девојче. Покрај тоа, веднаш потоа, следниот ден во југозападниот дел на земјата била силувана и 14-годишна ученичка. Престапникот бил уапсен. Тој бил 19-годишен ирачки адолесцент, кој  во Финска  е со со статус на азилант.

Слични содржини