Мигрантите во Германија се криминалци: Една третина нив извршиле џебиски кражби и речиси 15% од силувањата

од Vladimir Zorba

Бројот на мигрантите, осомничени за извршени злосторства во Германија минатата година порасна за 52,7 отсто во споредба со претходната. Ова денеска го пренесе. “Велт ам Зонтаг”, цитирајќи полициски извештај.

Се очекува министерот за внатрешни работи на Германија Томас де Мезиер да ги претстави официјално новите податоци во понеделник, прецизира ТАСС.

Во различни злосторства се осомничени вкупно 174.438 мигранти. Уделот во вкупната популација на Германија од близу 82,2 милиони луѓе, не е голем: помал од 2 проценти.

Сепак мигрантите се извршителите на 35,1 процент од сите џебџиските кражби во Германија и на 11,3 проценти од домашните грабежи. На нив отпаѓаат 14,9 отсто од сите сексуални злосторства и од инцидентите во кои се нанесени тешки телесни повреди.

Статистиката ги опфаќа бегалците и кандидатите за бегалски статус во Германија, исто така и мигрантите, кои илегално влегле во земјата, прецизира весникот.

Слични содржини