Мијалков и Попоски ја лажеа јавноста?! Дипломатскиот пасош сепак не бил поништен?!

од Vladimir Zorba

Кога Либертас во октомври 2015 година објави фотографија од дипломатскиот пасош кој екс-директорот на УБК, Сашо Мијалков, го добил како експерт по неговата оставка, тој веднаш реагираше и изјави дека се откажува од пасошот, иако не го ни подигнал.

Mijalkov diplomatski pasos ekspert

Реагираа и тогашниот министер за внатрешни работи, Митко Чавков, како и МНР под раководство на Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Па еве, побарало МВР… човекот е под апанажа… други прашања“ – беше краткиот и нејасен одговор на Чавков даден тогаш со паузи помеѓу зборовите.

„До Министерството за надворешни работи е доставено барање за издавање дипломатски пасош од страна на Министерството за внатрешни работи, со цел издавање на нов дипломатски пасош за раководно лице со посебни овластувања. Со оглед на повлекувањето на барањето од страна на барателот, истиот е поништен и повеќе не поседува дипломатски пасош“, рекле од МНР за Телма.

Сепак, порталот НОВА вчера објави текст за дипломатските пасоши кои ги издавало МНР за време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ.

Повикувајќи се на документите до кои дошле, НОВА пишува дека во моментов има над 1.300 дипломатски пасоши.

Еден од дипломатските пасоши, според порталот, е токму на Мијалков.

„Патната исправа му е издадена на 29 септември 2015 година со важност до 2020 година. Да не беше барањето на СЈО да му се одземе пасошот на Мијалков, тој и натаму ќе беше во негов посед“, пишува НОВА.

По ова, се поставува прашањето – дали Мијалков и Никола Попоски (односно МНР) ја лажеле јавноста – Мијалков кога изјави дека не го подигнал дипломатскиот пасош и дека се откажува од него, и МНР кога испратија соопштение дека го поништиле дипломатскиот пасош на Мијалков.

Слични содржини