СЈО е продолжена рака на СДСМ, а последниот случај што го обелодени обвинителството именуван како Трезор е само потврда за се она што функционерите на ВМРО-ДПМНЕ зборуваа во изминатиот период, вели поранешниот шеф на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков за порталот Пресс 24.

mijalkov

Мијалков тврди дека сите наводи на СЈО биле целосно измислени.

“Под сета морална и материјална одговорност тврдам дека изречените наводи на прес конференцијата на СЈО се целосно измислени и неточни. Ниту сум направил некаква штета на буџетот, ниту сум остварил каква било материјална корист. Сите политички инсинуации на СЈО ќе се докажат во соодветна постапка” вели Мијалков.

Мијалков, кој е член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во изјавата за порталот го повторува ставот на владејачката партија дека СЈО функционира како продолжена рака на СДСМ и имале единствена цел неосновано да дискредитираат луѓе од раководството на ВМРО ДПМНЕ кои Заев, како што вели, ги гледал како конкуренција на која што не може да и парира.

Во средата Специјалното јавно обвинителство го објави случајот Трезор наведувајќи дека имаат основани сомненија дека тројца функционери од УБК и еден од МВР при набавка на опрема од Велика Британија го оштетиле буџетот на Македонија за над 862 илјади евра. СЈО тврди дека поседува докази дека во период во 2010 до 2015 година осомничените во повеќе наврати преку фирмата ФИНЗИ од Македонија фактурирале поголеми суми од оние на британската компанија и така го оштетувале буџетот.

Слични содржини