Мијалков: Невин сум, затоа не бегам!

од desk2

„Нема зошто да бегам. Јас сум убеден во мојата невиност и верувам дека во понатамошната постапка и судот ќе го увиди тоа“, вака поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков се бранеше пред Кривичниот совет на Апелацискиот суд на денешната јавна седница којшто започна утрово.

„Досега само два пати не сум се јавил на покана и тоа затоа што бев во странство и немаше карти за да се вратам порано. Одговорно се јавувам на секој нивни повик. Така било досега, а од денеска можам да кажам дека мој збор е дека секогаш и на секој повик од судот ќе се јавувам уредно и ќе бидам присутен”, образложи Мијалков.

Обвинителката Ленче Ристовска рече дека за Мијалков се води скратена постапка и токму поради тоа за определување мерка притвор се зема само опасност од бегство.

„Во прилог ги доставуваме анкетните листови и документи од Трговскиот Регистар во Чешка на кои може да се види дека Мијалков е сопственик на имот и фирми во Чешка“, рече таа.

Одбраната на Мијалков побара да не се земе во предвид жалбата на СЈО за определување мерка притвор затоа што Мијалков ако сакал досега можел да избега и да не се врати во државата. Дополнително, како што рече Љупчо Шврговски, еден од адвокатите на Мијалков, тој уредно се јавувал на сите повици на СЈО.

Пред завршувањето на седницата Мијалков рече дека верува дека овој суд ќе донесе правилна одлука.

„Верувам во објективноста и професоналноста на овој суд и дека ќе донесе вистинска одлука”, рече Мијалков./ТВ Нова

Слични содржини