Мијалков се појави на распит во Кривичниот суд, судијата не одлучи дали ќе му го одземе пасошот

од Vladimir Zorba

Осомничените во случајот „Трезор” вчера се појавија на сослушување во судот и веќе си заминаа, тајно како и што дојдоа, преку службениот влез за вработени.

mijalkov1-540x425-540x425 (1)

На распит се појави и екс- директорот на УБК Сашо Мијалков, но судијата не одлучи дали нему и на останатите тројца осомничени фунцкионери ќе му ги одземе пасошите.

Засега одлука падна само за екс началникот на Петтата Управа на УБК, Горан Грујовски, за кој судот одби да изрече мерка притвор.

Претходно, Специјалното јавно обвинителство побара изземање на eдна од судиите на претходна постапка за предметот „Трезор“ поради релации со фирмата „Финзи”.

Слични содржини