Mики Рурк си го демолирал станот

од Vladimir Zorba

Холивудскиот актер Мики Рурк  исплатил 30 илјади долари за неплатени кирии и уште околу 10 илјади долари за нанесена штета на станот, соопшти сајтот Контактмјузик, цитира МИА.
Според сопственикот на станот во њујоршкиот реон Трајбека Рурк престанал да ја плаќа киријата уште во октомври 2016 година.
Нешто повеќе – тој ги уништил таваните на имотот, кога без дозвола пробил отвори за “диско осветлување”.
Соодветната тужба за покривање на штетите била поднесена од страна на сопственикот на станот пред судот во Менхетен.

Рурк направил и друг хаос по станот – оштетување  на влезната брава, оставил големи дупки на
ѕидовите, ја скршил кадата.

Рурк го изнајмил двособното живеалиште во ноември 2014 година со 18-месечен договор.
Во април 2016, планирал да го обнови, но 6 месеци подоцна престанал да ја плаќа
киријата.

Слични содржини