Мила Кунис се шета на летната жега, а Аштон Кучер зборува за нивната врска

од Vladimir Zorba

Мила Кунис деновиве се прошета низ врелиот Лос Анџелес облечена во маица со гол грб и тесни фармерки, а нејзиниот сопруг Аштон Кучер го опиша започнувањето на нивната врска како „чудно и брзо“.

Мила Кунис во средата беше излезена на лосанџелеската жега да го прошета кучето облечена во интересна пругаста маица. Актерката, 33, ја искомбинира маицата без ракави со тесни фармерки и бели патики. Оваа комбинација ја истакна тенката става на мајката на две деца.

Ова е само седум месеци откако актерката, 33, го роди синот Димитри. Со сопругот Аштон Кучер, 39, ја имаат и ќерката Вајат, која има две години.

Додека Мила беше дома на западниот брег на САД, Аштон ја промовираше комедијата „Ранчот“ во Њујорк во средата. Во интервјуто за Шоуто на Хауард Стерн, тој се присети како почнала неговата романса со Мила по разводот од Деми Мур.

Тој и Мила се познаваа со години, и се бакнаа на малите екрани кога тој имал 19 години, а таа 14 години. Повторно се зближија по крајот на неговиот прв брак во 2013 година, а се венчаа во 2015 година. „Таа ми рече, ‘Ти не си спремен за сериозна врска,’ и јас реков, ‘Да, не сум спремен за сериозна врска’. Па само решивме да… Ама сè се случи чудно и брзо. Взаемно беше, и беше очигледно за што всушност станува збор“.

Слични содржини