Милан подготвува понуда за Фабрегас во текот на летото

од Vladimir Zorba

Милан сака да го привлече полудефанзивецот Цеск Фабрегас од Челзи во текот на летото, пишува британскиот “Телеграф”. Италијанскиот фудбалски гигант е подготвен да понуди 32 милиони евра за 29-годишниот шпански репрезентативец.

Фабрегас ги отфрли сите добиени понуди во Јануари, велејќи дека единствена желба му е да остане на “Стемфорд Бриџ”.

Шпанецот, сепак, почесто е резерва во составот на Челзи, иако во 22 официјални натпревари за лондночани во оваа кампања тој има 5 гола и 8 асистенции.

Слични содржини