Милан за Мората одвојува 70 милиони евра

од Vladimir Zorba

Италијанскиот фудбалски гигант Милан продолжува силно да инвестира во нови играчи, а следен на листата засилувања е Алваро Мората за рекордни во историјата на клубот 70 милиони евра.

Како што пренесува „Газета дело Спорт“, Милан е подхготвен д аму понуди на Шпанецот плата од 10 милиони евра годишно и на тој начин да го направи најплатен играч во Серија А.

Милан го обнови интересот за Мората на крајот од минатата сезона, едно време се чинеше дека се откажа од трансферот, но директорот на „росонерите” Марко Фасоне откри дека клубот е во потрага по уште еден напаѓач.

Ова лето Милан веќе ги ангажираше Леонардо Бонучи, Андреа Силва, Лукас Бија, Андре Конте, Франк Кеси, Хакан Чаланоглу, Рикардо Родригез и Матео Мусакио.

Слични содржини