Околу 6,3 илјади бегалци преминале австриско-германската граница викендов, изјави денеска пред ТАСС претставник на федералната полиција во Розенхајм, Рајнер Шарф.

migranti

Со раздвојувањето на бегалците сега се занимаваат оперативните служби. Некои се испраќаат во засолништа во провинцијата Баварија, други ќе бидат испратени во Берлин и други градови во кои има поголеми можности за прифаќање на странци.
Во Австрија, од каде мигрантите доаѓаат во Германија по т.н. балкански пат, во последните два дена влегле околу 22 илјади бегалци. Коментирајќи го тој број, Шарф изјави дека не може да се исклучи дека многу од нив ќе се обидат во наредните денови да влезат во Германија.

До крајот на годината во Германија се очекува да влезат речиси еден милион бегалци.

Слични содржини