Милионери кои се против Брекзит, ќе прават нова партија

од Vladimir Zorba

Милионери кои се за останување на Велика Британија во Европската унија размислуваат за  создавање на алтернативна Работничка партија, ако Џереми Корбин продолжи да оди постојано лево во политичкиот спектар, пишува британскиот весник Express.

Неколку познати личности кои се поврзани со идејата за создавање на партија која ќе биде централно-левичарска и ќе има за цел да го блокира Брекзит.

Поранешниот премиер на Велика Британија Тони Блер е едно од имињата на богаташи, кои се поврзани со иницијативата.

На  листата фигурира и сопственикот на фудбалскиот тим Хул Сити д-р АСЕМ Алам кој пдал  донација на Работничката партија во износ од 700 илјади фунти, но во времето кога нејзин лидер беше Ед Милибанд.

Во ноември 2016 година, беа објавени електронски пораки, од кои стана јасно дека сопственикот на “Вирџин”, Ричард Брансон, е подготвен да спонзорира кампања, чија цел е да престане Брекзит.

Тогаш Бренсон доби поддршка од познатиот Боб Гелдоф. Бренсон веќе давал средства на организации формирани од проевропски расположенија лидер на Либерално-демократската Ник Клег.

Во акцијата учествувале исто   магнатот за алкохол  Ричард Рид и милијардерот Џорџ Сорос.

Извор   близок до идејата коментира за весникот: “Имаше дискусија на високо ниво, за тоа да се финансира група која да е анти-Брекзит и анти-Корбин – трета партија која ќе ја  прегрне прогресивната идеологија”. “Идејата не има добивано поле за реализација до овој момент, бидејќи Џереми Корбин ги  надмине сите очекувања на последните избори.

Дискусиите беа прекинати во моментов, но не засекогаш. Никој не знае што може да се случи во иднина.

Откако стана јасно дека Корбин ја подржува идејата за напуштање на единствениот пазар и ратува за крајно левичарски   развој на партијата, апетитот за создавање на алтернатива се засилува. Во моментов има консензус дека времето ќе даде одговор на тоа, што треба да се прави “.

Прочети повече в Blitz.bg: https://www.blitz.bg/svyat/milioneri-koito-sa-sreshchu-brekzit-shche-napravyat-nova-partiya_news531172.html

Слични содржини