Милош Земан води на претседателските избори во Чешка

од desk2

Актуелниот претседател на Чешка, Милош Земан освои 41,55 отсто, а академикот Јиржи Драхош 25,23 отсто од гласовите во првиот круг на претседателските избори во Чешка.

После нив следуваат Павел Фишер со 9,56, Михал Харачек со 8,8 и Марек Нишлер со 8,7 отсто од гласовите.

Земан и Драгош ќе ги одмерат силите во вториот круг на 26 и 27 јануари.

Слични содржини