Милошоски до Ристовски: Вие настапувате како адвокат на Зоран Заев

од desk2

Пратеникот Антонијо Милошоски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ прв ја отвори денешната седница и продолжи да го брани досегашното работење на јавниот обвинител Марко Зврлевски.

– За смена на преставник во Управен одбор сме имале поиздржани факти. За да разрешите некој треба да кажете колку е нестручен, колку предмети не се решени, колку се вратени. А, ние немаме ниту едно наведување за погрешно работење и нестручност. Најсилниот аргумент, кој што беше даден беше случајот како и зошто протекле снимките со ПИМ мерките за Зоран Заев. Ова разрешување добива само политички контекст. Од друга страна, она што може да се наведе како стручен дел во Јавното обвинителство се извештаите на Советот на јавните обвинители, со што немаме ниту една преставка за неговата работа – истакна Милошоски.

Тој во своето излагање наведе дека заменик министерот за правда Оливер Ристовски настапувал како адвокат на Зоран Заев./Фокус

Слични содржини