Милошоски: Порано или подоцна, Заев и Верушевски ќе одговараат за тоа што го сториле

од Vladimir Zorba

Со одлуката за повлекување од предметот „Пуч“, Катица Јанева се постави во улога на суд, излегувајќи од сопствените ингеренции и почна сама да ги суди и да ги цени доказите за да му помогне на обвинетиот Зоран Заев, рече на денешната прес-конференција Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

– Целата јавност, како и госпоѓата Катица Јанева и нејзиниот штитеник, Зоран Заев, знаат за вината и за доказите што се прибрани. Но, да потсетиме, доказите ги оценува судот. Катица Јанева во моментов е обвинителка, а не е судија. И СЈО е обвинителски орган, а не судски совет. Предмети на кои се повикува Катица Јанева за да го ослободи Заев сè уште се во фаза на истрага. А, предметот од кој се откажа и за кој го повлече обвинението имаше правосилен обвинителски акт. Да беше Зоран Заев невин, тој ќе побараше судска разврска на овој случај, а да беше Катица Јанева професионален обвинител, овој случај ќе го доставеше до судот и ќе излезеше на рочиште да ги претставува доказите во улога на обвинител – вели Милошоски.

Милошоски смета дека предметите што ги отвора СЈО се за да му помогне на Зоран Заев да ја избегне својата кривична одговорност и додаде дека порано или подоцна, Зоран Заев и Зоран Верушевски ќе одговараат за тоа што го сториле./Мета

Слични содржини