-Носењето на овој закон не е потреба на обичниот Албанец, туку потреба на функционерите  Албанци од ДУИ да ја покријат својата неспособност и корумпираност, рече Милошоски, на денешната собраниска расправа за Законот за упореба на јазиците.  Според него обичниот Албанец нема потреба од ваков закон. 

Претседателот на Собранието, Талат Џафери ги предупреди пратениците дека нема да им дозволи да дискутираат доколку излегуваат надвор од темата и доколку не се држат до потребата за донесување ваков закон.