18-годишен стрелец со иранско потекло го окрвави  главниот град на Баварија  и ги потопи граѓаните во ужас и тага

Директорот на полицијата во Минхен Хубертус Андре соопшти дека за време на пукањето во и пред трговскиот центар на градот загинале 10 лица, а уште 21 се повредени,од кои тројца во критична сосотјба, пренесоа светските новински агенции. Од полицискиот брифинг стана јасно уште дека масовниот убиец е со иранско потекло, но властите се уште се воздржуваат да ја наречат уште крвава европска трагедија терористички акт.

“Меѓу загинатите има и млади, а меѓу повредените има деца”, изјави Андре.Едниот од десетте загинати е самиот напаѓач, кој се самоубил. Друг од загинатите починал од повредите. Има и неколку повредени, кои се во критична состојба.

Во петокот вечерта во трговскиот центар “Олимпија” на плоштадот “Карлсплац” и на метро станица во Минхен беше отворена пукање. Во главниот град на Баварија настапи голема паника, бидејќи имаше информации дека пукање се води и на уште неколку места во градот.  За време на свикана во мугрите официјална прес-конференција полицијата на Минхен откри дека напаѓачот во трговскиот центар во градот бил 18-годишен Германец од иранско потекло, кој  живее во градот во последните две години.

https://youtu.be/6AKFYf9jbIw

Полицијата потврди дека дел од жртвите се тинејџери, а меѓу повредените има деца. Напаѓачот, чие тело беше пронајдено во близина на местото на настанот, најверојатно дејствувал сам, кажа Андрае на прес-конференцијата рано утринава. Тој ја отфрли можноста напаѓачот да имал соучесници, иако првичните информации беа дека има најмалку тројца напаѓачи.

Полицијата соопшти дека напаѓачот, идентификуван само како 18-годишен Германец со иранско потекло, кој живеел во Минхен последните две години, се самоубил, пукајќи си во главата. Андрае на прес-конференцијата потврди дека полицијата ја истражува лажната Фејсбук страница на која се нуделе бесплатни оброци во „Мекдоналдс“ токму во периодот, кога напаѓачот почна да пука.
1469243750-5
Властите не откриваат детали за жртвите во нападот во трговскиот центар, па во отсуство на информации за идентитетот на загинатите и повредените, околу 50 фамилии од различна етничка припадност се собраа во спортска сала во Минхен да чекаат официјално соопштение за судбината на нивните најблиски.
Ноќеска, косовската амбасадорка во САД Фљора Читаку на Твитер пренесе дека косовските медиуми јавуваат за загинат Албанец од Македонија во нападот во Минхен.

Kosovar media reporting that an Albanian from Macedonia is amongst the victims of terror attack. Sad beyond words.

Истовремено, сведок на настанот за косовската телевизија „КТВ“ изјави дека видела како жена од Гостивар плаче за ќерка си, која работела во трговскиот центар „Олимпија“.
Германските власти ја истражуваат можноста нападот да бил мотивиран од антиимигрантски побуди, но и можноста зад нападот да стои исламски екстремизам. Во една од двете сними со напаѓачот може да се слушнат навредливи зборови на сметка на имигрантите, но не е баш најјасно дали доаѓаат од напаѓачот или од снимателите.
1469243749-4
Сведок за германска телевизија кажа дека напаѓачот викал „Проклети странци!“ за време на нападот во „Мекдоналдс“. Друг сведок изјави дека напаѓачот, исто така, во „Мекдоналдс“ викал „Алаху Акбар“.

1469243749-1

Ова е трет терористички напад во Европа во само осум дена. Нападот во Минхен следеше по нападот во Ница во кој терорист, роден во Тунис, со камион уби 84 луѓе во францускиот град Ница и по нападот близу германскиот град Вирцбург во кој авганистански тинејџер повреди пет луѓе со секира во воз. Во двата случаи, напаѓачите биле инспирирани од Исламска држава.
Синоќешното пукање во Минхен се случи на петтата годишнина од нападот во Норвешка на Андерс Брејвик, во кој загинаа 77 луѓе.

Питер Алтмаер, шефот на кабинетот на канцеларката Ангела Меркел, кажа дека денеска ќе заседава Сојузниот совет за безбедност. Министерот за внатрешни работи Томас де Мезиере беше на пат за САД, кога почна нападот, но го откажа одморот и се врати назад во Германија.

Слични содржини