Минимален пораз на Вардар на гостувањето кај Зенит

од desk2

Фудбалерите на Вардар вечерва загубија минимално со 2:1 на гостувањето кај Зенит во натпреварот од 5.коло од групата Л од Лига Европа.

Ова е вкупно петти пораз за „црвено-црните“ во групата, но изразен е со најмала разлика во однос на досегашните резултати.

Зенит имаше водство во првото полувреме со 2:0 со головите на Дмитри Полоз во 16.минута и на Емилиано Рогони во 43.минута. Во првиот дел голманот на Вардар Филип Гачевски успеа во 27. минута на Артем Џиуба да му одбрани пенал.

Во вториот дел „вардарци“ во 72. минута се заканија преку Џамбул Џигаури, но неговиот удар го одбрани домашниот голман Јури Лодигин. Стрелец на голот за Вардар беше Дејан Блажевски во 90+3.минута, по корнерот што го изведе Хуан Фелипе.

На вториот дуел од групата Реал Сосиедад го совлада Розенборг на гости со 1:0.

На чело на табелата е Зенит со 13 бодови, пред Реал Сосиедад со 12, Розенборг има 4, а
Вардар е без бод.

Зенит и Реал Сосиедад обезбедија пласман во нок аут фазата.
Вардар во последното коло на 7.декември е домаќин на норвешката екипа Розенборг.

Слични содржини