Министерот Адеми на средба со претставници на Форумот за демократска Македонија во Њујорк

од desk2

Актуелните политички процеси во државата и неодамнешната позитивна препорака за започнување на преговори со Европската Унија биле теми на средбата на претставници на Форумот за демократска Македонија со министерот задолжен за дијаспора, Едмонд Адеми, што се одржа во просториите на македонската мисија при Обединетите Нации во Њујорк.

– Форумот за демократска Македонија ја поздравува позитивната препорака и смета дека Македонија, како земја-кандидат, направила позитивни чекори во изминатава година, но и дека треба засилено да продолжи да работи на натамошни демократски и општествени промени за целосно да се интегрира во евро-атланските организации. Успешноста на овие промени, пред се, ќе се демонстрира со тоа колку граѓаните на Република Македонија реално ќе почувствуваат дека живеат подобро, истакнале од ФДМ.

Министерот Адеми во разговорите инфомирал за напредокот во изготвувањето на Националната стартегија за дијаспора каде ФДМ активно учетстува во работната група.

Од страна на ФДМ го поздравиле инклузивниот процес на сеоптафтно вклучување на сите релевантини чинители во дефинирањето и создавањето на стратегијата. Се разговарало и за одредени сегменти од Националната стратегија за дијаспора, кои на практичен начин би го олесниле животот на македонската дијаспора преку поедносавено добивање на лични документи, се наведува во соопштението на ФДМ.

Слични содржини