Министерот за правда Аднан Јашари, ќе “апелира” до Советот за јавни обвинители да го изгласаат останатиот дел од тимот на Јанева, а исто така ќе апелираат и до Уставниот суд што побрзо да донесе одлука по иницијативата за разгледување на уставноста на Законот за посебното обвинителство.

jas

Ова треба да се случи како компромис наведен во писмото на четирите партии, за да продолжат преговорите меѓу партиите по „излетотот“ со кастрењето на списокот на обвинителство за тимот на специјалната обвинителка Катица Јанева и иницијативата за оценување на уставноста на т.н. Закон за специјалното обвинителство.

Доколку Советот за јавни обвинители постапи по договорот на работната група, еврокоемсарот Јоханес Хан в понеделник во Скопје ќе го пречеаат деблокирани преговори.

Денешниот договор, според информациите, беше постигнат откако СДСМ ги замрзна преговорите и инсистираше партиите што работат на спроведување на договорот од Пржино да се состанат и да најадат решение за како што велат прекршениот договор, откако Советот за јавни обвинители избра само половина од списокот на обвинители на Јанева.

Слични содржини