Министерот Спасовски во посета на СВР Велес

од Vladimir Zorba

spasovski

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска го посети СВР Велес во склоп на посетите кои се реализираат во секторите за внатрешни работи во државата, со цел одблиску да се запознае со моменталните состојби и проблемите со кои се соочуваат.

-Ова е уште една во низата посети на Секторите за внатрешни работи, кои се исклучително важни во овој период кога МВР ќе има една од клучните улоги за спроведување на фер и демократски изборен процес, а мора да ги вршиме и сите други активности за да се сочуваат јавниот ред и мир и безбедноста на граѓаните. Бев информиран дека состојбата на подрачјето на СВР Велес е стабилна, а разговаравме и за сите проблеми со кои се соочуваат- за недостиг од материјално-технички средства и недостиг од човечки капацитети и како тоа да го надминеме. Ова е многу сензитивен период и дадов наредби да се постапува ислучиво законски, да ја тргнеме политиката од полицијата и апелирам до сите граѓани доколку почувствуваат било каков притисок или вклучување во изборни активности на било кој вработен во полицијата веднаш да пријават затоа што тоа не е работа на полицијата. Работа на полицијата е да ги штити граѓаните – рече министерот Спасовски.

Слични содржини