Министрите за надворешни работи на Русија и на Хрватска ќе разговараат за ситуацијата во Југоисточна Европа

од Vladimir Zorba

 

Министрите за надворешни работи на Хрватска и на Русија Сергеј Лавров и Давор Иво Штиер ќе одржат разговори во кои ќе се дискутира за економските врски меѓу двете држави и политичкиот дијалог, а исто така и ситуацијата во Југоисточна Европа. Посетата на хрватскиот министер во Москва ќе се одржи по повод 25 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете држави, јави ТАСС.
“За време на преговорите министрите ќе разгледаат серија прашања поврзани со состојбата и перспективите за движењето на руско-хрватскиот политички дијалог, продлабочувањето на инвестициските процеси-имотот и културно-хуманитарното интеракција”, соопштува прес службата на руското МНР. Исто така ќе ср разменат мислења за актуелните меѓународни проблеми и ситуацијата во Југоисточна Европа
Во Москва потенцираа дека имат “стремеж кон натамошно зајакнување на интеракцијата на широк спектар на прашања”.

Слични содржини