Минусни утрински температури, до 12 степени во текот на денот

од Vladimir Zorba

   Времето денеска ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди и слаб до умерен северозападен ветер. На југоисток ветерот краткотрајно ќе засилува.  Утринската температура ќе се движи од минус шест до еден, а дневната од четири до 12 степени.

Во Скопје слично време со температура од минус три до девет степени.

Според УХМР, до петок ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност. Утринските температури во поголемиот дел од земјата ќе се спуштат под нулата, а дневните ќе бидат во благ пораст.

Во сабота облачноста ќе се зголеми, а на запад ќе започнат врнежи од дожд. Преку ноќта кон недела врнежите ќе се прошират во поголемиот дел од земјата. Во недела претежно во западните и источните делови ќе има повремени врнежи од дожд, а понекаде на повисоките места врнежите ќе бидат од снег

Слични содржини